Created by Davor Minchorov

Skopje, North Macedonia

LearnHub MK

Што е LearnHub.mk?


Мисија

Мисијата на LearnHub е негување на одржлива и инклузивна заедница од сите припадници на IТ-секторот во Македонија, од почетници-ентузијасти до експерти со децениско искуство во струката со цел заедничко спојување на вештините и искуствата во насока на тимска соработка на реални проекти и безрезервна поддршка и едукација во текот на целиот процес од идеја до пазар и одржување.  


Визија

Визијата на LearnHub е да биде препознатива заедница по соработката, едукацијата и поддршката за сите луѓе кои дејствуваат во IT секторот и пошироко. Заедница од каде што многу нови производи и услуги ќе бидат резултат на заеднички напори и спој на различни вештини од повеќе области во технолошкиот свет.  


Цели 

Нашите цели се:  

- Создавање на платформа за поддршка на заедницата  

- Соработка со неформални организации, компании и универзитети  

- Развој, поддршка и реализација на нови стартапи преку менторство, соработка и директна вклученост  

- Одржување на мрежа од луѓе кои имаат потреба од градење искуство, работа на реални проекти и дополнителна едукација во повеќе сфери  

- Поттикнување и зајакнување на IT секторот во Македонија